Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, поради повреда заработена на мечот со ПСЖ во Лигата на фудбалските шампиони, може да го пропушти дуелот од 11-то коло во Премиер лигата против Вест Хем закажан за 5 декември во Лондон. Тоа го најави тренерот на „црвените ѓаволи “, Оле Гунар Солскјер.
„Маркус има мал проблем со рамото. Се надеваме дека ќе се опорави и ќе игра против Вест Хем иако нема гаранции за тоа„ – потенцираше стратегот од Норвешка.
23-годишниот фудбалер од „Олд Трафорд“ во тековнава сезона одигра 16 натпревари на кои реалзираше девет голови.

