Соиграчите на Пол Погба од Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд и Хари Мегуаер застанаа во одбрана на својот соиграч, кој беше навредуван од страна на навивачите преку социјалната мрежа „Твитер“, бидејќи промаши пенал на последниот натпревар против Вулверхемптон (1:1).
„Веќе, мора да се престане. Манчестер Јунајтед е семејство. Пол Погба е огромен дел од ова семејство. Напаѓајќи го него, не напаѓате сите нас“, напиша Рашфорд на „Твитер“.
„Одвратно е. Од социјалните мрежи треба да направат нешто околу тоа. Секој профил мора да биде регистриран со лична карта или возачка дозвола. Престанете со оние жални тролови кои се објавуваат од лажни профили за да малтретираат луѓе“, додаде Мегуаер.
Клубот, исто така, излезе со посебно соопштение на својата официјална веб-страница, во која го осудува однесувањето на навивачите кон Пол Погба.