Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Рашфорд може да си замине од „Олд Трафорд“
    Фудбал

    Рашфорд може да си замине од „Олд Трафорд“

    risteBy riste10/04/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Големиот талент на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, е разочаран од фактот што менаџерот на тимот Жозе Мурињо не му верува доволно. Ова би можело да предизвика 20-годишниот напаѓач да го напушти „Олд Трафорд“ во текот на летото ако португаелцот остане во клубот, пренесува „Мирор“.

    Рашфорд беше стартер на само 5 од последните 16 натпревари на Манчестер Јунајтед, а бил особено незадоволен што доби само осум минути од дербито на Манчесре во саботата. Младиот напаѓач имаше 43 натпревари од почетокот на сезоната, но само 22 од нив ги започна од почеток. Трансферот во јануари на Алексис Санчез го убеди Рашфорд дека ќе одигра само епизодна улога за Мурињо во овој период.

    „Маркус беше многу несреќен што остана на клупата во дербито, а ако Мурињо е тука следната сезона, Маркус можеби нема да остане, сака да започнува во секој натпревар”, изјави извор близок до Јунајтед.

    Минатиот месец Мурињо влезе во спор со поранешниот менаџер на Кристал Палас, Франк де Бур, кој дозволил да го критикува Португалецот поради неговиот став кон Рашфорд. Англиските медиуми прават притисок кон Мурињо затоа што сметаат дека доколку Рашфорд добива поголема тоа би било добро и за негивата кариера во националниот тим на Англија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.