Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, му честиташе на градскиот ривал Манчестер Сити за освоените пехари во Премиер-конкуренцијата, Лигата на шампионите и ФА Купот на Англија.
„Најдобриот тим освојува најмногу трофеи. Сега тие имаат три, што е добро за нив. Од Манчестер Сити зависи дали ќе ги задржат пехарите“ – вели играчот на „црвените ѓаволи“.
„Погледнете ги Барселона и Реал Мадрид, – тие беа постојано најдобри тимови, затоа и освоија многу трофеи“ – изјави Рашфорд.