Ѕвездата на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе му помогне на навивач од САД кој успеал да ја добие битката со „канцерот“, да допатува во Англија и да гледа меч на „црвените ѓаволи“.
Имено, 21-годишниот напаѓач добил молба од Мет Вејмонт кој напишал на Твитер: „Мојот пријател во САД, Џон, го победи ракот во стадиум 3! Тој е доживотен обожавател на Манчестер Јунајтед а никогаш не бил во Англија или на – Олд Трафорд. Сега имаме доволно финансии да го однесеме во Велика Британија, но, ни треба помош да обезбедиме влезница за мечот против Брајтон!“
На тоа Рашфорд брзо одговорил: „Испратете ми податоци и јас ќе го направам тоа !! Потегот на фудбалерот брзо се прошири на социјалните мрежи и очекувано доби пофалби од навивачите на премиер-лигашот.