Маркус Рашфорд призна дека тој и неговите соиграчи во Манчестер Јунајтед не одиграле на потребното ниво во дербито со шампионот Манчестер Сити.
„Небесно-сините” победија со 2:0 како гостин на стадионот „Олд Трафорд” и се блиску до одбраната на титулата од минатата година.
„Не игравме како Манчестер Јунајтед, а тоа не треба да се случува. Треба да работиме уште понапорно и да дадеме се за амблемот, дресот, клубот и навивачите. Патот ни беше тежок. Разочарувачки е да не играме на начинот на кој игравме во јануари. Знаеме што точно не оди. Имаме проблем со менталитетот. Да заборавиме на лигата на Шампионите и челната четворка. Треба да играме за Манчестер Јунајтед и за нас самите“, категоричен беше Рашфорд по поразот на Јунајтед против Сити со 0:2.