Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд не е загрижен за фактот дека Германија има предност во резултатите од директните пресметки меѓу двата тима на големите шампионати.
Во вторник, двата тима ќе играат во осминафиналето и една селекција ќе биде четвртфиналист, со тоа што Англија има предност што ќе биде домаќин на средбата која ќе се игра на „Вембли“.
„Нема смисла да се плашиме од минатото“, рече Рашфорд. „Нема шанси да се вратиме таму и да го смениме она што се случило. Сепак, можеме да го смениме резултатот на следниот натпревар“ додаде Рашфорд.
Тимот на Герет Саутгејт ја освои својата група без да прими гол, додека Германија едвај се пласираше во осминафиналето.
„Нашата цел е да победиме, бидејќи така ќе влеземе во историјата“, додаде напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

