Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија Маркус Рашфорд ја пофали играта и победата на Англија од 3:2 како гостин кај Шпанија во Лигата на нации.
Самиот Рашфорд беше автор на еден од трите гога на Англија на оваа средба.
„Ова е дефинитивно најголемата победа на овој национален тим во Англија. Чувството на победа против толку силен тим е неописливо. Ние гордо можеме да си одиме дома”, рече Рашфорд по мечот.
Селекторот Герет Саутгејт исто така вели дека неговите играчи можат да бидат горди на резултатот.
„Напаѓачите покажаа извонредна игра. Ние ризикувавме и победивме. Шпанците беа многу агресивни, но ние ги однивме нивните напади. Светското првенство беше одлично искуство за националниот тим. Го задржавме нашето ниво и сега добиваме натпревари со вака силни тимови”, коментираше Саутгејт.