Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, има реални шанси кариерата да ја продолжи во Барселона, наведуваат денеска дел од медиумите во Англија и Шпанија.
Според нив, „црвените ѓаволи“ сакаат да се ослободат од напаѓачот а Каталонците имаат намера да го ангажираат на позајмица бидејќи не сакаат да ја покриваат комплетно неговата висока плата.
Во истовреме, Рашфорд одбил неколку понуди бидејќи сака да игра на стадионот – „Камп Ноу“.

