Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави дека е подготвен да го напушти клубот. 27-годишниот напаѓач целата кариера ја помина во редовите на „црвените ѓаволи“.
„Лично мислам дека сум подготвен за нов предизвик и да го направам наредниот чекор. Нема да слушнете негативни коментари од мене за Манчестер Јунајтед“ – рече фудбалерот кој има договор до 2028 година.
„ Сум видел како други играчи го напуштаат клубот во минатото и не сакам да бидам таква личност“ – вели Рашфорд кој има вкупно 426 настапи за тимот од „Олд Трафорд“.

