Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се надева дека ќе го собори рекордот на поранешниот англиски напаѓач Вејн Руни и ќе стане најдобар стрелец во историјата на клубот.
„Можам ли да го надминам рекордот на Руни? Се надевам. Никогаш не знаеш што ќе се случи. Секогаш се трудам да постигнувам голови и да давам асистенции. Постои шанса ова да се случи. Разговарав со Руни за тоа и тој сака да го направам тоа“, рече Рашфорд во интервјуто со Гери Невил на каналот „The Overlap“ на YouTubе .
За англискиот тим Вејн Руни постигна 253 гола. Маркус Рашфорд има постигнато 123 гола во дресот на Манчестер Јунајтед.
Рашфорд (25) потекнува од школата на Манчестер Јунајтед. Минатата сезона фудбалерот одигра 56 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 30 голови и 11 асистенции.

