Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Распродадени сите влезници за мечот на Македонија против Косово
    Фудбал

    Распродадени сите влезници за мечот на Македонија против Косово

    risteBy riste06/03/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Од страна на ФФМ денес и официјално потврдено дека Македонија

    ќе има максимална поддршка на мечот против Косово. Средбата ќе се игра на 26. март на Националната арена во рамките на плеј – оф средбите за пласман на Европското првенство 2020.

    „Влезниците за натпреварот веќе се распродадени. Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни инстутуции поради корона вирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово. Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на одличната атмосфера на Националаната арена „Тодор Проески“. Исто така, благодарност до навивачите за трпението при процесот на купување на влезници. Потсетување до сите навивачи и поддржувачи на нашата најдобра репрезентација дека на денот на натпреварот со себе треба да носат документ за лична идентификација бидејќи при влегувањето на Националната арена за натпреварот на 26. март, редарската служба (претставници на Министерство за внатрешни работи) ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците и нема да им овозможи влез на трибините на оние навивачи кои под друго име ќе се обидат да влезат на Националната арена. Предупредуваме навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците. Ги повикуваме сите гледачи, поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите фудбалери да стигнат до вредна победа и да ја доближат Македонија до пласман на ЕВРО 2020“ се вели во информацијата од ФФМ.

    Постои можност оваа средба да се игра без публика, а во тој случај парите на сите оние кои купиле влезници, ќе им бидат вратени. Таков е ставот на Фудбалската федерација на Македонија.

    Денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека препораката за спортските настани да се играат без гледачи се продолжува до 13 март, а голема е веројатноста препораката да продолжи и понатаму, се додека се шири бројот на заболени во Европа. Токму затоа постојат реални шанси дуелот на 26. март да биде пред празни трибини, како и сите останати дуели од Лигата на Нации.

    „Од моја гледна точка мислам дека треба да се игра без публика затоа што ќе има гости од надвор, но со оглед дека тој натпревар е после 20 март, да оставиме уште малку простор да видиме како ќе се одвива ситуацијата“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Арапите го сакаат и Заха

    07/06/2023

    Митровиќ може да го промени тимот но, не и градот

    07/06/2023

    Здравков: Брегалница покажа квалитет, имаме големи мотиви и за следната сезона

    07/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Костов ќе ги води пелистерци во наредната сезона
    • Ивановски и Србљак влегоа во второто коло
    • Астон Мартин ќе се појави со подобар болид
    • Пристли се осврна на резултатите на Перез
    • Арапите го сакаат и Заха
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.