Познатиот белгиски виролог, Марк ван Раст проговори за моменталната состојба во фудбалот и тенденцијата на УЕФА да се заврши сезоната без разлика кога ќе се случи тоа.
„Имам впечаток дека УЕФА започнува да ја разгледува опцијата дека нема да може да ја заврши сезона. Вирусот ќе трае до есен. Никој не може да го обвини белгискиот шампионат за донесената одлука“ – рече тој алудирајќи дека Бриж беше прогласен за шампион во неговата татковина.
„Лигата увиде дека ќе бидат потребни најмалку 4 недели за да се подготват играчите, така што хипотезата за продолжување на тековните натпреварувања не ја гледаше како реална“ – изјави Раст.