Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ратко Достаниќ официјално на клупата на Работнички
    Фудбал

    Ратко Достаниќ официјално на клупата на Работнички

    risteBy riste19/12/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Српскиот стратег Ратко Достаниќ е нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој денеска постигна договор со раководството на клубот да го преземе тимот до крајот на оваа сезона, со опција соработката да продолжи за уште една дополнителна година.

    Претседателот Драган Поповски изрази задоволство што Работнички успеа да доведе искусен и квалитетен стручњак за вториот дел од шампионатот на Македонија.

    „Ратко Достаниќ е врвно тренерско име на поранешните југословенски простори и среќни сме што ќе го имаме во нашите редови. Се надеваме дека неговото непроценливо искуство, тренерскиот квалитет и напорната работа ќе донесат и многу подобри резултати за Работнички во периодот што следи. Не очекуваат големи предизвици во пролетниот дел од првенството и веруваме дека Ратко Достаниќ е вистинското решение за тренерската клупа“, истакна претседателот Драган Поповски.

    Ратко Достаниќ е среќен што повторно ќе има можност да работи во Македонија.

    „Работнички е голем клуб, голема чест ми е што добив понуда да го преземам тимот. Ова е голем предизвик за мене и можност повторно да работам во Македонија. Добро сум запознат со квалитетот на составот, апсолутно не е соодветствува со актуелниот пласман на табелата и ќе се трудиме тоа брзо да го подобриме. Со напорна работа и добра клупска стратегија верувам дека Работнички брзо ќе се врати на позициите што му припаѓаат“, изјави Ратко Достаниќ.

    Српскиот стратег има огромно искуство, во кариерата бил тренер на многу клубови од Србија, Бугарија, Грција, Кина, Грузија, Тунис, а во 2008 година работеше и во Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.