Дефанзивецот на Наполи, Раул Албиол, одлучи повторно да потпише договор со оваа екипа и воедно да го одбие предлогот од Виљареал.
Одлуката дојде по повикот на тренерот Карло Анчелоти, кој го убедил Албиол да ја продолжи својата кариера на „Сан Паоло“, велат италијанските медиуми.
Така, поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид ќе потпише нов договор до 2021 година, а неговата клаузула за откуп од 6 милиони евра ќе биде отстранета. Во меѓувреме, раководството на клубот на Наполи продолжи да бара нови играчи и квалитетен голман.
Според најновите информации, Наполи постигнал договор со Удинезе за привлекувањето на Алекс Мерет и Орестиус Карнесис.