Дефанзивецот Раул Албиол ќе го засили Виљареал, а неофицијалните податоци велат дека Наполи ќе добие сума од 5 милиони евра.
Сè околу трансферот е договорено и останува да биде официјално објавено од страна на двата тима. 33-годишниот играч има одиграно повеќе од 200 натпревари за Наполи по пристигнувањето од Реал Мадрид во 2013 година и успеа да ги освои и Италијански куп и Супер куп. Сепак, тој беше дел од првиот тим на само 19 натпревари во текот на изминатата сезона и на крајот одлучи да се врати во својата родна земја во Шпанија, каде што ќе ги игра последните сезони од неговата кариера.
По пристигнувањето на Костас Манолас во клубот во Неапол, Албиол се покажа како непотребен за тимот и тоа го направи реализирањето на трансферот полесен.