Предводникот на младинскиот тим на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, може да стане тренер на Виљареал, објави „Атлетик“.
Пред енколку дена шпанскиот тренер Кике Сетиен доби отказ од тренерското место на „жолтата подморница“ поради неуспешниот старт во новата сезона на Ла Лига.
Во четири кола Виљареал освои само три бода. Реал Мадрид е свесен за интересот за Раул од „жолтата подморница“, легендарниот фудбалер на на Реал Мадрид се уште не се одлучил за оваа понуда. Раул претходно ги одби понудите од Ајнтрахт Франкфурт, Лидс и Еспањол.
Во сезоната 2023/2024 Виљареал ќе учествува во Лига Европа. Ривали на Шпанците во групата се грчкиот Панатинаикос, францускиот Рен и израелскиот Макаби (Хаифа).