Фудбалерот од средниот ред на Атлетик Билбао, Раул Гарсија постигна гол на мечот од Шпанското првенство против Хетафе (5:1). 34-годишниот Шпанец стана првиот играч за врска кој постигнал 100 гола во Ла Лига во 21-от век, пренесува „OptaSports“.
Гарсија има 54 гола за Атлетик Билба, 26 за Атлетико Мадрид и 20 за Осасуна. Гарсија премина во Атлетик од Атлетико Мадрид летото 2015 година. Оваа сезона тој има 17 настапи, 3 гола и една асистенција во Ла Лига. Како дел од Атлетико, Гарсија стана шампион на Шпанија, победник на Купот и Суперкупот на земјата, победник на Лигата на Европа, освојувач на Суперкупот на УЕФА и финалист во Лигата на шампионите.
Атлетик има 24 бода и е деветти на табелата во шпанската лига, Гетафе има 23 бода и се наоѓа на 13 место. На следниот натпревар, клубот од Билбао ќе игра против Барселона на 31-ви јануари, додека Гетафе истиот ден ќе го пречека Алавес на домашен терен.

