Селекторот на нашите најдобри ракометари, Раул Гонзалез, го скрати првичниот список на репрезентативците кои добија покана за настап на двомечот со Романија за место на Светското првенство во 2019 година.
Од списокот отпаднаа: голманот Јане Цветковски, бековите Мартин Серафимов, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски, пивотот Костадин Петров и Димитар Димитриоски.
Стартот на подготовките е предвиден в понеделник на 4 јуни. Македонија ќе се сретне со Романија на 10. јуни во Скопје и веднаш потоа на 13-ти кога ќе гостува во Клуж. Ракометниот Мундијал ќе се реализира догодина во јануари во Данска и Германија.