Голманот на Барселона Јаспер Силесен е на чекор до трансфер во Валенсија. Според шпанските медиуми, холандскиот голман е на прегледи во спортскиот центар на Валенсија.
Се очекува резервниот голман на Барселона да биде дел од тимот на Валенсија, додека актуелниот голман на оваа екипа, Нето да се пресели на „Камп Ноу“ и да му биде алтернатива на Марк Андре Тер–Штеген.
По размената Нето ќе ја заземе улогата на Силесен. Интересно е дека двата трансфери ќе бидат одделни операции, најнапред Барса ќе добие 25 милиони. евра за Холанѓанецот, а малку подоцна од „Камп Ноу” ќе ја уплатат истата сума за Нето.

