И покрај најавите дека може да си замине, Кристофер Нкунку потпиша нов договор со РБ Лајпциг.
Според информацијата, новиот договор е со важност до летото 2026 година. Во истиот е вклучена ослободителна клаузула од 60 милиони евра.
Французинот дојде во Лајпциг во 2019 година од ПСЖ. На 134 натпревари како дел од германскиот клуб, Нкунку постигна 93 гола за тимот. Минатата сезона тој го собори рекордот на Тимо Вернер со директно учество во 54 гола за својот тим. Французинот минатата сезона стана најдобар стрелец и асистент на клубот и беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата.