Германскиот тим РБ Лајпциг испрати нова понуда од 32 милиони евра за 20-годишниот дефанзивец на Олимпик Лион, Кастело Лукеба. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо во својот „Твитер“.
Според изворот, покрај 32 милиони евра, зделката ќе вклучува и одреден процент од идната продажба, која Лион ќе ја добие во случај на евентуален трансфер на Лукеба од Лајпциг. Германскиот клуб веќе ги договорил со францускиот дефанзивец личните услови од договорот. Доколку договорот биде успешен, Лукеба ќе потпише договор со РБ Лајпциг до крајот на јуни 2028 година.
Во сезоната 2022/2023, Лукеба одигра 34 натпревари за Лион во францускиот шампионат, на кои постигна два гола. Договорот на играчот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2025 година. Проценетата цена на играчот според интернет порталот Трансфермаркт е 25 милиони евра.