РБ Салцбург го освои австрискиот фудбалски шампионат седма сезона по ред, откако синоќа славеше на домашен терен против Хартберг со 3:0.
По освојувањето на Националниот Куп, фудбалерите на Салцбург водат со 9 бода предност пред второпласираниот тим на Рапид (Виена) и на две кола пред крајот теоретски ја обезбедија титулата.
Тимот на ЛАСК Линц водеше долго во текот на сезоната, но тие беа казнети со 6 поени, подоцна намалени на -4 по делумно прифатена тужба за кршење на правилата за спречување на коронавирусот. Фудбалерите тренираа групно и покрај ограничувања да работат само индивидуално.
Оваа титула е уште позначајна за Салцбург затоа што ја освоија без својата ајголема ѕвезда Ерлинг Халанд кој во јануари замина во Борусија Дортмунд.