Реал Мадрид загуби еден од своите клучни играчи, напаѓачот Карим Бензема , пренесуват шпанските медиуми.
33-годишниот Французин го пропушти денешниот тренинг и нема да му помогне на тимот на следниот натпревар. Утре, 20 февруари, Реал Мадрид игра со Ваљадолид натпревар од 24. коло на шпанскиот пример. Натпреварот ќе се одржи Ваљадолид со почеток од 21 часот.
Според информациите, под знак прашање би било и учеството на Бензема на првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите со Аталанта следната недела. Средбата ќе се одигра на 24 февруари на стадионот „Атлети Азури“ во Бергамо. Бензема играше на последниот натпревар на Реал Мадрид со Валенсија и помина 78 минути на теренот и постигна гол.