Килијан Мбапе нема да игра против Салцбург во третиот меч на Реал на Светското клупско првенство. Францускиот напаѓач не беше вклучен во составот на Реал Мадрид за третото коло од групната фаза.
На 19 јуни, Мбапе беше хоспитализиран поради акутен гастроентеритис, а истиот ден беше отпуштен од болница. Напаѓачот ги пропушти натпреварите против Ал-Хилал (1:1) и Пачука (3:1) и се врати на тренинг со тимот дури вчера.

