Реал Мадрид ќе биде без капитенот Серхио Рамос за гостувањето во Москва против ЦСКА во мечот од 2. коло во Лигата на шампионите кој е закажан за утре.
Тренерот Лопетеги одлучи да му даде одмор на капитенот, па тој не отпатува со соиграчите на гостувањето во Москва. Тоа значи дека Реал за оваа средба ќе биде со Начо во дефанзивната линија, додека Карвахал и Одриозола ќе почнат по крилните позиции.
Покрај Рамос, Реал во Москва ќе биде и без Герет Бејл и Марсело, кои се повредени, како и без Иско кој претрпе операција на слепото црево.