Освојувачот на Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе одигра само еден натпревар на Светското клупско првенство во Катар во декември. ФИФА одлучи да го испрати европскиот првак директно во финалето на натпреварувањето кое ќе се игра на 18 декември во Доха.
Во претходните изданија шампионите на Европа и Јужна Америка го започнуваа учеството од полуфиналето и требаше да победат во два меча за да го освојат трофејот. Сепак, светската фудбалска организација се обидува да ги смири фудбалерите кои се незадоволни од премногу натпревари во Европа.
Турнирот ќе започне со натпревар меѓу шампионите на Азија и Океанија, при што победникот ќе се соочи со шампионот на Африка, додека уште една пресметка ќе донесе меч меѓу шампионите на Јужна и Северна Америка. Потоа ќе има натпревар помеѓу Азија/Океанија/Африка и Јужна Америка/Северна Америка за да се одреди противникот на Реал Мадрид во финалето.
Од следното лето на Светското клупско првенство ќе учествуваат 32 екипи.

