Напаѓачот на Реал (Мадрид), Карим Бензема има истегнување на бутниот мускул што значи дека ќе биде надвор од игра во наредните две недели.
Според прегледите направени вчера, излезе дека повредата на напаѓачот е повреда посериозна и тој ќе мора да направи неколку неделна пауза.
Бензема се повреди за време на средбата со Алавес во саботата кога Реал загуби со примен гол во последните секунди на средбата.
Бензема е само уште едно ново име на листата на повредени кај „кралевите“, каде веќе се и Марсело, Иско и Дани Карвахал.