Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, вели дека неговиот тим мора да го оддржи темпото до крајот на мечот бидејќи секое опуштање ќе значи шанса за противникот да се наметне. „Кралевите“ вчера славеа на теренот на Гранада минимално со 2 -1 а токму Рамос со одлична реакција на гол линијата во самиот финиш спречи израмнување на 2:2.
„Го спуштивме гардот во второто полувреме и можевме скапо да платиме. При 2:0, наместо да одиме по трет гол, ние се опуштивме. Мора да останеме концентрирани 90 минути“ – вели дефанзивецот на „белите“.
Реал Мадрид доколку в четврток успее да победи дома против Вилјареал и математички ќе ја обезбеди новата титула во шампионатот на Шпанија.