18-годишниот играч од средниот ред на Рен, Едуардо Камавинга е блиску до преселба во Реал Мадрид, објавија бројни француски медиуми уште синоќа.
Реал му понуди на Рен околу 30 милиони евра плус бонуси за младиот Камавинга, кој претпочита да го напушти Рен сега, отколку како слободен играч во 2022 година. Страните се блиску до договор, а фудбалерот ќе потпише договор до јуни 2026 година.
Беше објавено дека Рен е подготвен да го продаде играчот во преостанатите осум дена од преодниот рок и очекува да добие 35 милиони евра за него.