Реал Мадрид и Барселона се ривали не само на теренот туку и околу привлекувањето на дефанзивецот Вирџил ван Дајк од Ливерпул, но и менаџерот на Европскиот клупски шампион Јирген Клоп.
Весникот „АС“ пишува дека двата шпански гиганти треба да го променат својот тренерски кадар, како и тоа дека им требаат нови дополнувања на своите играчки кадри.
Германскиот специјалист ги предводеше „црвените“ од „Енфилд“ до титулата во Лигата на шампионите во 2019 година. Холандскиот репрезентативец Ван Дајк се пресели од Саутемптон во Ливерпул за 75 милиони фунти, а износот на неговиот трансфер во Барса или Реал Мадрид би можел да биде барем двојно повеќе.
Во моментов главен тренер на Реал Мадрид е Зинедин Зидан, додека Барселона ја предводи Ернесто Валверде. Двајцата добија критики на почетокот на новата сезона во Шпанија и не се сигурни дека ќе ги задржат своите места по крајот на првенството.