Реал (Мадрид) ќе го даде на позајмица младиот Брахим Диас следното лето на друг клуб, за да може играчот од средниот ред да го добие потребното искуство, вели весникот „Марка“.
Талентираниот фудбалер му се приклучил тимот од Манчестер Сити за 17 милиони евра на почетокот од јануари, но не успеа да избори место во тимот. Диас има само 5 натпревари и вкупно 149 минути за „кралевите” во Ла Лига и нема постигнато гол оваа сезона.
Во секој случај, од Реал Мадрид ќе сакаат да го дадат овој фудбалер во тим од шпанската „Ла Лига“, бидејќи главната идеја е тој да се навикне на ритамот на локалното првенство. И покрај тоа што тој е Шпанец, Диас не играл во Ла Лига, освен за екипата на Реал Мадрид.