Реал (М) нема да се откаже од намерата да го купи напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах и наскоро ќе испрати своја прва понуда за Египќанецот, тврдат неколку влијателни шпански и англиски новинари.
Неодамна, напаѓачот потпиша нов договор со тимот на Енфилд и даде силна индикација дека нема намера да го напушти тимот. Сепак, Реал нема да жали пари за да го доведе на „Бернабеу“ како наследник на Кристијано Роналдо, кој го засили Јувентус.
Според последните информации претставниците на “кралскиот клуб” веќе имаат воспоставено контакт со агентите на египетскиот репрезентативец и се очекува во наредните неколку дена тимот да извади на маса прва понуда за него.