Фудбалерот на Ливерпул, Тренд Александер Арнолд, може да добие понуда да се пресели во Реал Мадрид во текот на зимскиот-трансфер период, наведуваат денеска дел од медиумите во Шпанија.
Наводно, „кралевите“ кои останаа без повредените дефанзивци, Карвахал и Алаба, имаат намера да го ангажираат брзоногиот бек кој може да игра на неколку позиции.
Во меѓувреме, 26-годишниот Англичанец се уште не се договорил со Ливерпул за продолжување на соработката која му истекува во летото во 2025 година.

