Реал Мадрид ќе треба да плати над 130 милиони фунти, ако сака да ја привлече ѕвездата на Ливерпул Садио Мане во текот на летото.
Тренерот на шпанскиот гигант Зинедин Зидан го има зацртано Сенегалецот како дел од летната селекција, а во неговите планови влегуваат уште Еден Азар и Пол Погба.
Според медиумите во Шпанија привлекувањето на Мане ќе биде „скапо задоволство” за Реал Мадрид, поради тоа што постојано расте неговата цена. Во Шпанија потсетуваат дека во последните години Ливерпул продава скапо, доказот за тоа е трансферот на Фелипе Кутињо во Барселона за 145 милиони фунти.
Оваа сезона Мане игра одлични натпревари, има постигнато 21 гол во 42 натпревари и е дел од атомскиот напад на клубот, заедно со Роберто Фирмино и Мохамед Салах.