Неколку млади фудбалери на Реал Мадрид ќе бидат ставени на трансфер листата. „Кралевите“ со нивната продажаба сакаат да покријат дел од парите што ги потрошија за купувањето на Килијан Мбапе.
„Мундо Депортиво“, објави, дека „белите“ сакаат да се разделат со 20-годишниот играч за врска Марио Мартин, 19-годишниот офанзивен фудбалер, Нико Паз и со 19-годишниот напаѓач, Алваро Родригез.
Засега не се наведува дали има заинтересирани екипи и колку би била нивната пазарна вредност.

