Реал Мадрид е најскап фудбалски клуб во светот. „Форбс“ направи рангирање на најскапите спортски тимови во светот, каде на првото место меѓу фудбалските клубови се најде Реал Мадрид кој беше проценет на 5,1 милијарда долари. Во генералниот пласман на спортските клубови, Реал Мадрид го зазеде 13. место.
Второто место меѓу фудбалските клубови го зазеде Барселона (5 милијарди, додека третото место меѓу фудбалските тимови му припаѓа на Манчестер Јунајтед (4,6 милијарди долари).
Во рангирањето се и Ливерпул (4,45 милијарди долари), Баерн Минхен (4.28 милијарди долари) и Манчестер Сити (4.25 милијарди долари).
Највредниот спортски тим во светот, според „Форбс“, е НФЛ тимот Далас со вредност од 8 милијарди долари.