Цената на Џуд Белингем ова лето може да достигне и 140 милиони евра, пишува мадридски „Ас“. Англискиот играч за врска се смета за клучен играч на трансфер списокот на Реал (М) за следната сезона, но прашање е дали трансферот ќе се реализира поради високата цена која за него ќе ја бара Борусија (Д).
Откако управата на Реал даде зелено светло за преговори со неговиот агент, неодамна преставник на клубот замина во Германија да се сретне со играчот и неговиот агент. Посетата на репрезентативецот на Англија имаше за цел одблиску да се запознае играчот, како и да му се презентираат предностите кои тој би ги имал со доаѓање во шпанската престолнина.