Шпанскиот весник „Ас“, објави дека Карим Бензема го обновил договорот со Реал (М) на уште една сезона откако шпанскиот клуб ја активирал таканаречената „клаузула Златна топка“, која му овозможува на Флорентино Перез автоматски да го продолжи договорот со францускиот напаѓач.
Бензема во Реал е од 2009 година.