Реал (М) синоќа по продолженија го победи Атлетико со 5:3 и обезбеди пласман во финалето на шпанскиот Супер Куп. За тимот на Анчелоти ова беше веќе 20-ти меч без пораз.
Последен пат на официјален натпревар Реал загуби на 24 септември. Тоа беше на натпревар токму против синоќешниот ривал Атлетико.
Следниот натпревар Реал Мадрид го игра во недела на 14 јануари во битката за Суперкупот со подобриот од второто полуфинале меѓу Барселона и Осасуна кое се игра вечерва.