Најголемата ѕвезда на Реал (М) во моментов, Бразилецот Винисиус Жуниор во блиска иднина ќе го продолжи договорот со клубот. Новиот договор со крилниот напаѓач во текот на оваа недела или на почетокот на следната, објави радиото Кадена Сер.
Новиот договор ќе биде на 5 сезони, а во него ќе биде ставена и клаузула за предвремено раскинување на соработката во висина од 1 милијарда евра. Новиот договор ќе донесе и дополнителни бонуси за лојалност. Покрај тоа, Бразилецот со новиот договор ќе може да добие бонус исплата доколку ја освои „Златната топка“.