Реал Мадрид го обнови интересот за англискиот репрезентативец Рахим Стирлинг, објавија англиските медиуми.
Информациите велат дека Реал до затворањето на трансфер периодот најверојатно нема да испрати понуда за Стерлинг, туку ситуацијата ќе се следи внимателно и можеби во јануари „кралскиот клуб“ ќе тргне по младиот Англичанец.
Европскиот шампион ќе има свои претставници на „Вембли“ на 8 септември за да го гледаат мечот од Лигата на Нации меѓу Англија и Шпанија. Инаку, 23-годишниот играч сé уште нема потпишано нов договор со граѓаните.