Дефанзивецот на Рома, Леонардо Спинацола го привлече вниманието на врвните европски клубови. Од она што го објавија медиумите во Италија, за овој играч веќе се распрашуваат Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ. Во исто време, сè уште не се зборува за конкретни предлози кои би стигнале кај Рома.
На Евро 2020, Спинацола двапати беше прогласуван за најдобар играч на натпреварот. 28-годишниот дефанзивец игра во Рома од 2019 година. Претходно играше за Аталанта, Перуџа, Виченца, Сиена, Виртус Ланчијано, Емполи и Јувентус.
Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 26 милиони евра. Договорот на играчот со Римјаните важи до 2024 година.

