Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изненадувачки ги остави Герет Бејл и Хамес Родригез надвор од составот за домашниот натпревар против Клуб Бриж во Лигата на шампионите кој што се игра вечерва.
Според весникот „АС“, Бејл само добил одмор, додека кај Хамес Родригез тоа е превентивна причина, бидејќи Колумбиецот добил удар на дуелот со Атлетико Мадрид (0:0). Тој се очекува да биде подготвен за саботната средба со Гранада од „Ла Лига“.
Останатите кои ќе го пропуштат денешниот натпревар се Алваро Одриозола, Браим Диаз, Маријано Дијаз и Родриго, како и Ферлан Менди и Марко Асенсио кои се повредени. Сепак, добра вест за навивачите на Реал Мадрид е тоа што Иско и Марсело се враќаат во составот, откако се опоравија од повредите.