Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната, објави ТВ каналот „Ел Чирингито“.
Минатата недела стана јасно дека на 31-годишниот белгиски репрезентативец ќе му биде извршена операција за отстранување на плочка од десната нога, која ќе го оддалечи од теренот за околу пет недели. Сега, пак, информацијата се надополнува со тоа дека Карло Анчелоти нема да се потпира на него и откако ќе се опорави.
Еден Азар, кој се бореше со бројни повреди откако пристигна од Челзи во 2019 година, оваа сезона одигра 22 натпревари, главно во резерва, постигнувајќи еден гол и две асистенции.