Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело заработи повреда во левата нога, објави клубот по лекарските прегледи.
Според мадридските медиуми, тој сигурно ќе ги пропушти последните четири натпревари на тимот во финишиот од сезоната Ла Лига, бидејќи ќе му бидат потребни меѓу две и три недели за санирање на повредата.
Сепак, дефанзивецот треба да му биде на располагање на Зинедин Зидан за реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите на 7 август. Ова е четврта повреда за Бразилецот оваа сезона, и сите беа поврзани со мускулите.
Досега во текот на сезоната тој има одиграно 23 натпревари со два гола и седум асистенции во сите натпреварувања.