Реал Мадрид на својата официјална веб-страница го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за настап на мечот од 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Интер.
Дефанзивците Серхио Рамос, Едер Милитао и Алваро Одриозола, играчот за врска Федерико Валверде и напаѓачите Карим Бензема и Лука Јовиќ, кој моментално страда од коронавирус, нема да им помогнат на своите соиграчи на претстојниот натпревар.
Список на играчи за мечот со Интер:
Голмани: Куртоа, Лунин, Алтубе.
Дефанзивци: Карвахал, Варан, Начо, Марсело, Менди, Част.
Среден ред: Крос, Модриќ, Каземиро, Едегард, Иско.
Напаѓачи: Азар, Асенсио, Васкез, Винисиус Жуниор, Маријано Дијаз, Родриго, Дуро.
Натпреварот Интер – Реал ќе се одигра утре (25 ноември) на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано со почеток во 21.00 часот.

