Екипата на Реал Мадрид денес го одржа тренингот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во својот спортски центар, јавуваат шпанските медиуми.
Токму на овој стадион Реал Мадрид ќе бидат домаќини на своите ривали, додека натпреварите се играат без гледачи. Стадионот е во сопственост на кралскиот клуб и ги има потребните услови за натпревар од овој ранг без присуство на навивачи на трибините.
Што се однесува до играчите кои биле на денешниот тренинг, Лука Јовиќ го продолжува закрепнувањето со самостојно тренирање, а тренирале Феде Валверде, Иско и Начо Фернандез.