Реал Мадрид е близу до потпис со австрискиот дефанзивец на Баерн Минхен, Давид Алаба. Алаба одби да склучи нов договор со Баерн Минхен.
Реал Мадрид е подготвен да му даде на Алаба платата што ја бара Австриецот, со што е фаворит во борбата за дефанзивецот.
Беше објавено дека Алаба неколку пати ја одбил понудата на Баерн Минхен за нов договор, а претходно овој месец клубот изјави дека нема да прават нови обиди за продолжување на договорот со Австриецот. Според одредени информации, Алаба ги разладил односите со Баерн Минхен затоа што сакал иста плата како напаѓачот Роберт Левандовски – 12 милиони евра годишно.
Алаба ги брани боите на Баерн во поголемиот дел од својата кариера. Оваа сезона тој постигна 1 гол на 12 натпревари од германската Бундес лига.

