Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид е подготвен да го стави Еден Азар на трансфер пазарот
    Фудбал

    Реал Мадрид е подготвен да го стави Еден Азар на трансфер пазарот

    risteBy riste20/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид планира да го стави Еден Азар на трансфер пазарот, тврди „Марка“. Белгиецот никогаш не беше во можност да го покаже најдоброто од себе во последните две сезони на „Сантијаго Бернабеу“, а главната причина за тоа се повредите кои го прогонуваа.

    Тој досега има одиграно само 43 натпревари за Реал Мадрид и се чини дека клубот е подготвен да се раздели од него за да направи буџет за нови засилувања.

    Новиот тренер на Реал Карло Анчелоти е против таквата продажба и сака да го има во својот состав 30-годишниот фудбалер. Тој верува дека може да го извлече максимумот од Белгиецот доколку добие доволно време да работи со него. Во оваа фаза, сепак, сопствениците на клубот можеби нема да го исполнат барањето на италијанскиот тренер, особено ако добијат доволно добра понуда.

    Интерес за Азар има од неговиот поранешен клуб Челзи. Доколку играчот биде официјално ставен на трансфер пазарот, најверојатно ќе се појават повеќе кандидати за неговиот потпис.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сејдини: Имаме успешна приказна

    27/05/2023

    Левандовски: сега видов колку значи титулата за навивачите

    27/05/2023

    Алардајс верува дека ќе го спаси тимот

    27/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.